Докажано: Мажите повеќе се палат на жените во црвено

Жените што носат црвено се многу попривлечни за мажите. Ефектот е толку силен што и носењето на црвен лаптоп ќе заврши работа.

Еден нов експеримент покажува зошто мажите толку воодушевени од жените во црвено. Спроведен е на Градскиот универзитет на Њујорк, а покажува дека носењето на црвен фустан е практично како да прскате вијагра наместо средство против комарци. Ги излудува мажите, но само оние на кои веќе им се допаѓала жената, барем малку.

Главниот автор пишува: „Скорешните докази велат дека обоеноста може да помогне во човечкото спарување, затоа што женската сексуална возбуда се асоцира со вцрвенување на образите, вратот и градите. Хетеросексуалните мажи се сензитивни на црвената боја на жената. Во споредба со останатиот дијапазон на бои, на жените на црна позадина или во црвена облека се гледа како на многу попривлечни“.

Ова истото важи и кога се зборува за разни незначајни предмети. Ако жената носи црвен објект, во очите на мажот е попривлечна отколку ако го носи истиот предмет во друга боја.

Сепак, црвената не е семоќна. Во два различни експерименти, мажите им дале повисоки оценки на жените во црвено, но само на оние што и претходно ги оцениле како атрактивни. Кај жените што биле оценети како неатрактивни, црвената боја не придонела за некоја значајна разлика.

Свесно или не, се чини дека жените многу добро го знаат сето ова. Истражувањето покажува дека шансите жената да носи црвен фустан се многу поголеми кога таа очекува средба со атрактивен маж. Кога очекувањата се поскромни, црвените фустани не се толку чест избор на гардероба.

rexfeatures_569027ei1

- Реклама -