Едноставна фризура, скромна шминка и едноставен аутфит – рецептот за совршен изглед на Адриана Лима.
Бразилската убавица ја истакна нејзината сексуалност на настанот Escape the Urban Jungle. 32-годишниот „ангел“ на Victoria’s Secret воопшто не згрешила со јакиот црвен кармин кој ги истакнува нејзините очи кои и се најсилниот адут на лицето.
Секако ваквата комбинација на облека е можна само на совршено тело кое Лима го негува со внимателна исхрана која се состои од протеини, зеленчук и многу вежбање. Но, убавицата признава дека некогаш јаде палачинки за појадок, а обожава торта со кокос.
Лима има две ќерки Валентина,3, и Сиена која за три дена ќе наполни една година.