„Дојче Веле“: Груевски е само марионета, во прашање се поголеми геополитички игри

Груевски и Орбан во Будимпешта, 2012 година. ФОТО: Noemi Bruzak/EPA

Барањето азил во Унгарија од страна на осудениот поранешен премиер не е само класично бегство од правдата, туку создавање марионета за нечии поголеми игри и цели, тврдат безбедносни извори, пишува Дојче Веле. Бегството на Груевски во Будимпешта е дел од поголема геополитичка игра со точно одредени цели, тврдат за ДВ безбедносни извори. Заради суптилноста на моментот, не споделуваат поконкретни сознанија за сценариото и за ефектите што ги очекуваат оние кои го помагале ваквиот развој на настаните.

Во однос на „техничкиот аспект“, засега има непотврдени сознанија дека договарањето на бегството на Груевски и упатствата како тоа да се изведе, биле пренесувани преку посредник од Македонија, кој за таа цел во изминатиот период патувал во престолнината на една соседна земја. Но, заради трка со времето, крајните упатства непосредно пред бегството, биле дадени во Скопје.

Ако се имаат предвид информациите што за ДВ ги соопштија извори од полицијата во Црна Гора, освен непознатиот начин на кој влегол во Абанија, Груевски практично немал никаков проблем да стигне до Будимпешта. Со дипломатско возило на унгарската амбасада и во придружба на нејзин дипломатски персонал бил префрлен од Албанија во Црна Гора, на истиот начин бил префрлен и во Србија, а потоа оттаму до Будимпешта. Три дипломатски возила на унгарски амбасади во три балкански земји биле ставени на располaгање за безбедно примопредавање на бегалецот во текот на целата операција.

Бенефит има само Путин

Ваквите сознанија дополнително ќе ја вжештат политичката температура во Будимпешта, која барањето на Груевски за азил го сведе на правно, а не политичко прашање. Но, ако се потврди инволвираноста на унгарските дипломати во целата оваа операција, прашањето најмалку ќе биде правно…

Статијата прочитајте ја на следниов ЛИНК.

- Реклама -