Непосредно пред настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во ноќен клуб во Тузла стигнала дојава за експлозивна направа, па фановите морале на одредено време да го напуштат објектот.
Настапот на Јелена Карлеуша во Тузла доцнел поради дојава на бомба. Како што пренесува порталот Haber.ba српската пејачка се појавила на сцена неколку минути по полноќ и била дочекана со громогласен аплауз, а оотоа мирно ѝ се обратила на публиката:
„Жал ми е ама сите мораме да го напуштиме објектот, затоа што е дојавена бомба“.
Откако специјална единица ја прегледала дискотеката, обжавателите почнале да се враќаат на своите места.
„Точно е дека полицијата добила дојава за бомба. Се испразни целиот хотел и клуб во кој имаше многу луѓе. Секако дека ништо не е најдено и го одржав концертот без проблеми. Босанците се мои браќа и никаква бомба не може да го расипе односот меѓу мене и тамошните фанови. Единствена бомба таа вечер бев јас“, рекла Карлеуша за српскиот весник „Курир“.
Погледнете дел од атмосферата на концертот