За целата ситуација дознал синот и ги пратил и сопругата и татко му во болница.
28 годишна девојка од Кина посакала да искуси секс со друг маж надвор од бракот и побарала партнер преку Интернет. Тоа што следело не можела да си го замисли ни во најлудиот сон.
Мажот кој ја дочекал на секс средбата договорена под надимаци и лажни фотографии бил нејзиниот свекор Ванг Паи, 57.
Но, тука не застанало се. Синот на Ванг, Да Џун, ја следел сопругата до хотелот каде што била договрена средбата. На сопругата и скршил три заби, а на татко му му нанел повреди на главата поради кои завршил во болница.
„Тешко е да се каже кој беше во поголем шок кога ја отворив вратата. Снаата или јас. Веднаш истрча кон вратата, но на скалите налета на син ми“, рекол Ванг.
Свекорот се претставил на Интернет како вдовец и директор на фирма со фотографија од пријател од војска, додека таа напишала дека сопругот отслужува затворска казна.