Догодина ќе има двојно повеќе спринт трки во Ф1

Формула 1 потврди дека следната сезона ќе има дури шест спринт трки за разлика од сезоната 2021 и 2022 кога беа возени по три трки.

Спринт трките се возат во сабота во должина од 100 км, а победникот добива осум поени, кои се сметаат во борбата за генералниот пласман, а догодина возачите ќе може да се борат за дополнителни поени во Азербејџан, Австрија, Белгија, Катар, САД и Бразил.

„Мислам дека спринт трките се освежување. Видовме многу позитивни работи во последните две години и затоа го зголемивме нивниот број“, кажа првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали.

- Реклама -