Глобалните автомобилски продажби следната година ќе изнесува 85 милиони примероци, во однос на остварените 82 милиони за оваа, а во 2018 веројатно ќе се над 100 милиони, тврди последниот извештај од IHS Automotive. Главниот двигател за зголемената побарувачка ќе се брзорастечките пазари и задржување на разумни нивоа на цените на горивото.
Предвидувањата за САД покажуваат 2.4% раст во 2014 година, или до 16.03 милиони единици, во однос на оние 15.65 милиони регистрирани за оваа. Околу 17 милиони трансакции се очекуваат во 2017 година, а се предвидува и раст на производството во фабриките во Северна Америка до 2,1 милиони на годишно ниво.
Deutsche Bank прогнозира раст на продажбата на нови автомобили догодина до 87.4 милиони, или за 4% повеќе од 2013 година. Според извештајот, во Европа конечно се очекува раст на продажбата, за околу 3%, или 14 милиони автомобили. Овој резултат сепак е далеку од 17-те милиони, купени во 2007 година, пред финансиската криза. За САД Deutsche Bank предвидува раст од 3%, до 16.1 милиони автомобили. Очекувањата се за нови автомобили Американците да потрошат 13 милијарди долари.
Кинескиот пазар ќе порасне за 10% следната година, сметаат аналитичарите на банката, и ќе достигне 23.8 милиони примероци.