Снимила видео за доење, се видела во порно филм (видео)

Мариен Сухори имала проблеми со доењето веднаш по раѓањето на нејзината ќерка, но откако ги надминала, се сложила да сними инструкционо видео, за да им помогне на идните родители што ќе се најдат во слична ситуација. Но, неколку месеци подоцна, се видела во порно филм…

Мајката од Њу Џерзи добила уверување дека во видеото нема да се користи презимето, ниту името на ќерка ѝ, ако се појави во видеото за потребите на Parents TV. Но, откако тоа се појавило, некој го презел и од него направил порно филм со фетиш за мајчино млеко. Во филмот е користена дублерка, која продолжува со „акција“ онаму каде што Сухори застанува, но се добива впечаток дека се работи за истата жена, а во порно филмот стои и полното име на нејзината ќерка.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

{youtube}QQzvzsqiq-c{/youtube}

Сега Сухори ги тужи продуцентите со кои соработувала, поради објавување на името, во спротивност со договореното. Тие започнаа со акција за забрана на користење на порно филмот во кои се вметнати нивните сцени, но на сите инволвирани им е и повеќе од јасно дека штетата е непоправлива, со оглед на фактот што ништо што е објавено на интернет не може да биде засекогаш избришано. [New Jersey Mom Sues After Breastfeeding Video Used in Porn Clip]

- Реклама -