Супер моделот Viper, кој во последно време се произведуваше под брендот SRT, повторно е дел од гамата на компанијата Dodge. Американците ја претставија новата тркачки верзија на изведбата – GTR-S, кој ќе дебитира на крајот на месецот на патеката Watkins Glen во рамките на првенството IMSA TUDOR United SportsCar Championship.
Возилото е креирано во класичните тркачки Dodge Viper бои – црвена со бели ленти. Така се насликани автомобилите од моделот, што ги освои победите во 1999 и 2000 година, во трката во American Le Mans Series и маратонската трка 24 часа Ле Ман, во класа GTS. Машините кои учествуваа под брендот SRT во IMSA TUDOR United SportsCar Championship, беа во сива боја.
„Враќањето на Dodge Viper во трките е во чест на прославата по повод 100-годишнината на марката. Новата боја на нашите машини не само што не враќа кон нивниот класичен изглед, туку и помага за нивната асоцијација за наследството што носат, коментира шефот на SRT, Ралф Жил.
Марката SRT е во сопственост на Dodge од месец мај, а тоа решение е дел од стратегија за развојот на сите брендови на Алијансата Fiat Chrysler Automobiles. Како самостојна единица брендот SRT опстојуваше околу 2 години.