На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ беше доделена единствената награда „Мето Јовановски“ – магот на македонското и балканското филмско мајсторство, актерот кој минатата година ја одигра својата последна улога.
Наградата ја доби актерот Владо Јовсновски.
– Да се зборува за трето издание на фестивал кој е создаден само од нашата страст да го споделиме светот на филмот со други луѓе навистина е, ама навистина многу, многу тревожна работа. Кога за прв пат ќе направиш нешто, на медитеранот тоа се нарекува: имање среќа. Кога пак истото тоа ќе се повтори уште еднаш, дури и со намера, тоа ќе ти го опишат како: абе, се случува! И најпосле, кога е по трет пат, е дури тогаш може да се рече дека тоа нешто и навистина постои! Е-па, драги мои, ние сме само на миг пред третото издание на нашиот фестивал. Многу се радувам што со вас ќе ги споделиме овие незаборавни денови со приказни. Приказни од балканот и медитеранот, за кои сум убеден дека ќе ги променат нашите верувања дека на овој дел од светот има смисол да се верува во што и да е, ако е помалку од три пати! Верувајте. Ова е Преку езерото`по трет пат- рече вчеравечер пред бројната публика Јани Бојаџи, директор на Фестивалот.
Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на филмскиот фестивал „Преку езерото“, Мими Ѓорговска Илиевска, која рече дека сè она што Владо Јовановски го прави различен од многу други актери, еднакво извонредни како него – е неговата посебност, неговата киногенија, неговото присуство во кадарот кое ве привлекува да го гледате дури и без да дејствува, без да збори, без да се движи, дури и без да трепка со очите вие сте ставени во ситуација да очекувате нешто да случи.
Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран:
Ден четврти, САБОТА, 10 Август 2024 година
СПРОТИ БРАНОВИТЕ- натпреварувачка програма 20.00 Часот
ДАЛИ СИ МАЖ на Ѓорче Ставрески, Македонија,
2023 СРЕБРЕН БУНТ, Дан Шадур, Израел
ВОЛКОТ И МАЧКАТА на Жан-Себастијан Бернар, ФРАНЦИЈА
22.30
ТИШИНА 6-9, Христос Пасалис, Грција
ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ, на Небојша Слијепчевиќ ХРВАТСКА, 2024,
БАЛАДА на Кристофер Нилсон, ФРАНЦИЈА, 2023, 13мин.
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран
Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година
20.00 Часот
ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија,
2024 ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска
Свечено затворање на фестивалот
Доделување на фестивалските награди Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови
22.30 ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА,
2024, ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА
ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција