Да, за еден град да биде „зелен“ неопходна е прво свест кај граѓаните, ама не треба да се застане таму. Еве ни го Копенхаген за пример, еден од градовите каде е најзастапен транспортот со велосипед, а сепак не престануваат да го „форсираат“ тоа поле со дополнителна инфраструктура за велосипеди.
Е таму, во Копенхаген, верувале или не, можете да го внесете својот велосипед во метро, во воз, па и во некои автобуси.
Ова особено важи за метрото, каде купувате специјална карта за вашиот велосипед и единствено правило е да не го внесувате велосипедот во термините со најголема гужва, кога луѓето одат и се враќаат од работа. Затоа пак, во лето е дозволено по 24 часа на ден.
Ете, така се прави.
виа Црнобело