Додека мажите гледаат фудбал…

vanessa-marcil,-half-naked-woman,-woman-in-bed-187550

Додека мажите гледаат утакмици, жените се жалат дека им е потребно нешто забавно. Aнкетата на Gleeden – дејтинг сајт за запознавање на зафатени лица, сугерира дека една четвртина од девојките за време на Евро 2016 би побарале „забава“ – со некој друг.

Знам што ќе речете, ова и онака е сајт за (потенцијални, ако ништо друго) швалери, така што 25% воопшто не е многу. Ама бројките не се баш согласни – за време на Светското првенство во 2014-та, на сајтот е забележан пораст на женските корисници од 71%. Со други зборови, за време на тие месец дена додека траеше првенството, дневно се регистрирале по 1400 жени. „Тие се чувствуваат запоставено додека мажите ревносно гледаат фудбал, заради што многу од нив во овој период имаат афери“, тврди претставникот на Gleeden.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Само 12% од жените рекле дека ќе гледаат Евро 2016 со своите партнери, додека 34% од девојките ќе го поминат времето со другарките и пријателките, а 27 отсто ќе си го посветат времето на самите себе.

Кога станува збор за мажите кои патуваат во Франција за да го следат првенството во живо, 76 отсто од нив изјавиле дека тоа им е и одличен изговор за и самите да уживаат во понекоја афера.

*Со шепотење*: Ако си и ти еден од нив, само имај во предвид дека во Франција е зголемена стапката на сифилис и дека ако те фатат со проститутка, ќе платиш казна од 1500 евра. А да, и згора на тоа ќе мораш на курс по секс.

- Реклама -