Eдна од причините зошто луѓето ја сакаат зимата е снегот. Ова особено важи за децата кои со нетрпеливост чекаат да го направат својот снешко, но и за нас возрасните кои продолжуваме да го „палиме“ повремено детскиот дух.
Но, како што постојат талентирани луѓе кои прават разни статуи од песок, така постојат и генијалци кои умеат најкреативно да го употребат снегот, претворајќи го во свое ремек дело.
Денеска, собравме една колекција од 17 импресивни снежни скулптури кои ќе го задржат вашето внимание.
Истите се дел од снежниот фестивал во Кина. Безразлика на ниските температури, уметниците прават прекрасни снежни планини во кои што уживаат бројни туристи. Време, трпение и посветеност се потребни за да ги завршат импресивните скулптури, за целите на фестивалот. Тие вклучуваат различни теми. Погледнете и размислете која остава најмногу впечаток на вас.