Со добро воспитување до сиромаштија

Ако детето ти е тврдоглаво копиле, не се откажувај во весник. Подобро е така, за него. Науката потврдува.

Студија од 2016-та покажува дека баш тие најтврдоглавите деца често стануваат успешни како возрасни. Објавена е во журналот Developmental Psychology, а при истражувањето се следени над 700 деца во периодот на возраст од 9 до 40 години.

Целта била да се проучи како одредени особини – како промисленоста, посветеноста, непослушноста и тенденцијата кон кршење на правилата – се одразуваат врз висината на платата. Во студијата, од друга страна, не се земени во предвид параметрите како насока во кариерата, изборот на професија или животните одлуки кои можеби влијаеле врз заработката.

И ете, се покажало (или барем така тврдат) дека токму кај децата кои ги игнорирале правилата и нивните родители, често платите се повисоки.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

Дали тоа значи дека е добро да си невоспитано копиле за да земаш поголема плата, или дека живееме во општество кое фаворизира невоспитани копилиња што ги кршат правилата (додека другите како овчички се обидуваат да ги почитуваат) – појма немаме.

- Реклама -