Македонскиот претставник на овогодинешната Евровизија, Даниел Кајмакоски реши да се реласкира пред претстојните музички настани.
Пејачот на социјалните мрежи објави фотографии од Охрид, каде што очигледно убаво го користи пролетното сонце за одмор и ужива во погледот на Охридскиот бисер.
Тој објави фотографии на социјалните мрежи со наслов „Добро утро Лихнидо, моме убаво“
Исто така Даниел сподели и фотографија под која што напиша дека „го бара својот дух, внатре во себе“.
Мора да признаеме дека избрал прекрасно место за „полнење на батериите“ пред Виена.