„Добро е кога Меси е лут, така личи на Марадона“

Поранешниот аргентински фудбалер, Пабло Забалета вели дека лутината која ја покажа Лео Меси против Холандија може да биде само од корист за Аргентина.

Во изминатите денови Меси бееш во центарот на вниманието поради неговото нетипично однесување на мечот со Холандија. Се радуваше пред Ван Гал, а потоа и влезе во вербален дуел со холандскиот селектор. Меси имаше испад и додека даваше изјави во микс-зоната.
 
Забалета смета дека таквото однесување на Меси е добро, на Аргентина и треба лут и мотивиран капитен.
- Реклама -