Сегашната владина коалиција „треба да продолжи да ги стабилизира стратешките правци на државата. Кога тоа ќе се постигне, тогаш е лесно за сите решенија“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за МИА.
Тој смета дека би било добро Зоран Заев да остане на чело на таа влада, но дека на крајот тоа е негова одлука.
ДУИ, од своја страна, вели Османи, не се чувствува загрозено.
„ДУИ го потврди легитиметот кај албанскиот народ и е единствена партија која што имаше пораст на гласовите на овие избори, и мислам дека во било која констелација ќе биде на некој начин кормилар на евроатлантските процеси во државата“, вели министерот.
Извор: МИА