Добрите навики стекнете ги пред триесеттите

Ако се наоѓате на прагот на 30-ите години од животот, време е да анализирате какви се вашите навики.
Колку повеќе време минува, ќе ви станува сè потешко да се однесувате и да го правите она што е примерно за зрела личност. Затоа, почнете да ги „штиклирате“ следните чекори, еден по еден.

* Не прескокнувајте појадок. Дозволете оваа навика да стане најважнниот оброк во вашиот ден.

* Бидејќи сте јаделе, садовите или веднаш ставете ги во машина или измијте ги рачно, наместо да допуштите да ве чекаат после напорниот ден. И тоа со остатоци од храна.

* Убаво е секое утро, да ги прочитате најважните новости и да бидете информирани. Тоа влијае на самодовербата.

Newspaper-Reading-Man-07

* Колку и да не сте спортски тип, гледајте на вежбањето како нешто што е неопходно за здравјето, кондицијата и добриот изглед. Не е целата суштина во успехот на работното место.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

* Немојте да се двоумите во текот на денот, да им се јавите на вашите родители и да ги прашате како се.

* Одредете период кога накратко ќе го исклучите мобилниот телефон, и ќе заборавите дека постојат сите други.

woman-running-errands-smartphone

* Со вас секогаш носете кондоми, бидејќи никогаш не знаете кога ќе ви затребаат, а сексот без заштита не оди со зрела, одговорна личност.

* Секоја вечер темелно исчистете го лицето и намачкајте го со хранлива крема.

* Одредете датум во месецот кога ќе плаќате сметки, и придржувајте се кон тоа. Во ред е да прекршите доколку ви доцни платата, но време е да научите да се воздржувате од непромислени трошоци.

n36723

- Реклама -