Добри совети за безбедно вадење на USB

Како што веројатно знаете, вадењето на USB уредот од компјутерот, без да бидете уверени  дека е безбедно, може да ви донесе сериозни проблеми.

FXI-Cotton-Candy-i2

На тој начин датотеките можат да се оштетат.

Понекогаш без разлика колку пати се обидуваме, Windows ни кажува дека не е безбедно да го извадиме USB уредот од својот компјутер. Што да правиме во такви случаи? Од PC Mag даваат неколку совети:

1. Користете вградена алатка на Windows

Кликнете на иконата ‘Safely Remove Hardware’, потоа кликнете на вашиот уред. Почекајте да се појави порака. Ако таа гласи ‘Safe to Remove Hardware’, можете мирно да го извадите USB уредот од компјутерот. Но, ако пораката е ‘This device is currently in use’, одете на чекор 2.

usb-creative

2. Некоја програма го успорува процесот

Размислете за тоа што е вклучено во моментот на компјутерот и дали проблемот не се должи на оваа програма. Можеби на USB уредот имало пренослива програма која се обидува да се вчита? Ако е така, затворете ја. Истото важи и за документи, слики или други фајлови на надворешниот уред. Ако на пример сте отвориле документ во Microsoft Word, но потоа сте го затвориле, проблемот може да доаѓа од Word. Понекогаш некоја програма може да се задржи на дадена датотека, дури и откако е затворорена. Не треба да се затвори Windows / File Explorer за да ја извадите надворешната меморија, но понекогаш тоа помага.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

3. Користете инструмент на трета страна

Постојат многу програми кои може да ви помогнат, но многу специјалисти препорачуваат USB Safely Remove. Таа сепак не е бесплатна, туку по цена од $ 20 и 30-дневен бесплатен пробен период. Ако одлучите да користите USB Safely Remove најверојатно нема да ви треба да барате други решенија, бидејќи тоа ви кажува која програма е причината за прпоблемот.

cool-usb-drives-570x308

4. Исклучете го компјутерот

Исклучувањето на компјутерот ја затвора секој датотека и програма која сте ја отвориле, а тоа знае да создаде непријатности. Но, понекогаш единственото решение за проблемот, може да лежи токму тука.

- Реклама -