Сите цивилизациски придобивки кои ги земаме здраво за готово не потекнуваат од добри извори. Некои од нив ги имаме наследено од, она што денес се класифицира како „злобни империи“…
Сите цивилизациски придобивки кои ги земаме здраво за готово не потекнуваат од добри извори. Некои од нив ги имаме наследено од, она што денес се класифицира како „злобни империи“…
Образовен систем – Ацтеките
Пред доаѓањето на Кортез и конквистадорите, неприкосновени владетели на Мексико биле Ацтеките. Нивната империја била огромна, а главниот град имал население од преку 200 илјади жители.
Ацтеките имале една лоша навика – ритуално жртвување на деца, како противуслуга на боговите за секое едно нешто што ќе го посакале: дожд, успешна жетва, топло време итн.
Но, оние деца кои не ги жртвувале биле првите во светот што се здобиле со привилегијата на задолжително образование. Без исклучок, сите деца морале да бидат подучувани во домашни услови на помала возраст, под надзор на овластен тутор, а кога ќе достигнеле доволен број години имале опции за продолжување на своето образование во неколку гранки.
Феминизам – Монголските орди
Монголската империја е најголемата империја во историјата на човештвото. Во текот на 2 века, Монголите успеале да ја покорат Евроазија и во своите воени походи да убијат (според проценките на историчарите) помеѓу 30 и 100 милиони луѓе – нешто што може да се споредува само со жртвите од Втората светска војна.
Додека мажите пустошеле по 2 континента, жените во татковината ја воделе државата. За разлика од Персијките кои носеле превези и не смееле сами да го напуштат домот, Монголките имале право на сопственост, развод, премажување, а ако изразеле желба, можеле да се вклучат и во ордите кои заминувале во поход. За време на владеењето на Џингис Кан, главен фактор во Монголија била неговата мајка, која дополнително ги охрабрувала поданиците да заминат од дома и да освојуваат нови и нови земји. Според тоа, кој и да рекол дека ако жените би владееле со светот ќе нема војни, никогаш не отворил учебник по историја.
Дипломатија – Акадската империја
Акадската империја потекнала од градот-држава Акад (во денешен Ирак) и таа е директно одговорна за создавањето на коцнептот „злобна империја“. Кога забележале дека ресурсите им се на ниско ниво, решиле да се прошират преку освојување на соседните плодни предели. Освоиле прилично многу територија и тогаш се испоставил еден проблем.
Како и денес и тогаш, Блискиот Исток бил етнички разновиден и постоела огромна нетрпеливост помеѓу различните народи. Па така, откако еднаш била воспоставена државата, императорот Саргон бил присилен да испрати амбасадори во секој регион, за да ги изучат културните специфики. Потоа, тој владеел според тоа што го добил како информација. Саргон е одговорен и за првата мултиетничка влада, откако повикал претставници од сите региони да му помогнат во владеењето.
Модерната држава – Ахеменидите
Династијата Ахемениди владеела со Персија во периодот кога таа била најголема и најмоќна. Тие биле немилосрдни освојувачи, апсолутни владетели, но и добри државници.
Пред оваа династија, концептот на имеприја бил едноставен – сила, крв и неприкосновена власт на императорот. Но, тогаш власта ја презел Дариј I и спровел државна реформа, со што го создал концептот на модерната држава. Започнал да гради патишта, создал поштенски систем, а како најголема придобивка од неговите идеи останува локалната самоуправа. Ја поделил државата на региони и на секој регион поставил гувернер кој ќе се справува со локалните проблеми.