Ако некогаш сте биле во главниот град на Бугарија можеби сте го виделе овој стар човек како проси, а веројатно не сте знаеле дека тој ништо од тие собрани пари не задржува за себе.
Добри Добрев оваа година ќе наполни 100 години и живее сам во селото Баљово.
Добар дел од слухот го изгубил во Втората светска војна.
Тој живее од државната пензија која изнесува 80 евра.
Добрев секој ден поминува по 10 километри пеш од селото до Софија каде проси на улица по цел ден, облечен во своја рачно изработена облека и чевли.
Меѓутоа, сите пари кои ги собрал просејќи во текот на целата година- околу 40.000 евра ги донирал на сиропиталиштата и за реставрација на бугарските манастири.
На народот му е познат како Дедо Добри и Светец од Баљово.