Добредојдовте во градот Ништо

Во близина на американскиот Highway 93 се наоѓа … Ништо.

Тоа е мал, напуштен град во кој буквално нема ништо што да видите или правите. Највпечатлива структура на ова парче земја од 24.281 квадратни метри е знакот издигнат високо над патот со натпис Nothing (Ништо).

1(1561)
Основан е во 1977 година на надморска височина од 996 м

Најверните граѓани на Ништо се полни со надеж и верба во работната етика. Низ годините овие посветени луѓе имале верба во Ништо, се надевале на Ништо и работеле во Ништо за ништо.

Градот, како што е наведено и на плочата, е основан во 1977 година и првично имал четворица жители кои работат во бензинска пумпа и гаража. На бензинската пумпа има продавница за сувенири. Сето ова било сместено во две згради, од кои денес останала само една.

Прочитајте и:  Белата куќа со критики за Илон Маск откако „праша“ зошто има обиди за атентат само врз Трамп

2(1611)

Градот постои до 2005 година, кога сопствениците одлучуваат да се пензионираат и да го продадат земјиштето. Новиот сопственик ја затвора продавницата, ја затвора бензинската пумпа и опкружува сè со жица за повторно да го пушти чудниот град на пазарот за продажба. Истиот е купен во 2008 година, а новиот сопственик развива бизнис со пици. Откако плановите за заживување на местото не се остваруваат, во 2011 година тоа е повторно напуштено. Според последните информации кои датираат од мај 2014 година, во Ништо сè уште не се случува ништо.

3(1517)

- Реклама -