Добредојдовте на официјалниот портал на „Неотел“

    365.com.mk
од денес официјално го започнува своето виртуелно постоење и раст на
интернет мрежата како забавно-едукативен и информативен портал,
хостиран од комуникацискиот дата провајдер Неотел,
а уредуван од (засега) двајца уредници. Неотел во Македонија нуди
услуги за конектирање на интернет со големи брзини, повеќе платформски
хостинг, Виртуелна Приватна Мрежа за пренос на податоци, глас и видео
запис – сето тоа со голема стабилност и широкопојасност преку WiMAX
интернет пристап и Метро етернет мрежа.

neotel_logo_4_3

   365.com.mk од денес официјално го започнува своето виртуелно постоење и раст на интернет мрежата како забавно-едукативен и информативен портал, хостиран од комуникацискиот дата провајдер Неотел, а уредуван од (засега) двајца уредници. Неотел во Македонија нуди услуги за конектирање на интернет со големи брзини, повеќе платформски хостинг, Виртуелна Приватна Мрежа за пренос на податоци, глас и видео запис – сето тоа со голема стабилност и широкопојасност преку WiMAX интернет пристап и Метро етернет мрежа.

   Што се однесува до уредниците, ние сме двајца млади ентузијасти кои со својата креативност и идеи се надеваме ќе допринесат Ваше почесто присуство на оваа веб страница. Името(365.com.mk) претставува една од замислите сајтот секојдневно да биде апдејтуван со повеќе од 10 нови содржини(и во викендите). За оние кои интернетот го сметаат како место за забава, 365.com.mk поседува архива од преку 100 флеш игри подредени во категории, како и систематизирана галерија со повеќе од 1000 слики. На десната страна од сајтот можете да ја забележите и видео секцијата преку која неделно ќе ги презентираме најинтересните и најактуелни видеа. Наше разбирање е дека времето на просечниот посетител е драгоцено и не треба да биде потрошено на бесцелно сурфање, па оттука порталот го дефинираме како негов забавувач, повремен едукатор и воедно виртуелно место каде би се релаксирал од секојдневните обврски, место за чии теми би дискутирал со пријателите на chat-от или пак лично.

   Би сакале и Вие да учествувате во формирањето на овој сајт, да помогнете во неговата експанзија, така да доколку имате интересни стории, слики, видеа или аудио записи – праќајте ги на нашата е-пошта editor@365.com.mk. Веруваме дека со Ваша инволвираност и подршка 365.com.mk наскоро ќе прерасне во еден уникатен портал кој со својата селектирана содржина ќе привлече посетеност и воедно ќе се издвои од останатите постоечки македонски портали.

Тоа би било накратко околу нашето претставување, оставаме на Вас да не запознаете подобро.

Па, да започнеме!

andrej_marjan_sp
 
- Реклама -