Со доаѓањето на бебето на свет, имате да откриете многу нови нешта. Еве само дел од интересните факти.
Вашето новородено бебе ќе спие меѓу 14 и 18 часа дневно. За жал, тој сон е прекинат на околу осум кратки делови во текот на денот и ноќта.
– На бебето му се потребни три недели да разбере дека може да ги контролира движењата на раката.
– Вашето мало бебе, може да го разликува вашиот глас од гласовите на други луѓе. Кога ги слуша обично се смирува и се концентрира на она што го говорите, гледајќи во вас со ширум отворени очи.
– Со оглед на тоа што во текот на денот има околу 12 оброци, ни најмлаку не е чудно што тежината на бебето се зголемува дупло во текот на првите шест месеци, а три пати во текот на првата година.
– Доколку вашето бебе е родено со сивкасто-сини очи, може да се случи нивната боја во текот на растењето, да се промени.