Добош торта

Познатата унгарска  Добош торта, именувана по нејзиниот пронаоѓач унгарскиот слаткар Џозеф Добош во 1884 година, е една од најпознатите класици во светот на десертите. Еве како да ја подготвите:

За слоевите:

130 г брашно

1/4 кафена лажичка сол

7 јајца, поделени жолчки од белки

200 гр шеќер

Загрејте ја рерната на 180 степени. Се пресејува брашното. Се меша со солта и се пресејува уште еднаш.  Жолчките се матат со миксер додека не осветлат и дури не се згустат. Во оваа смеса  од жолчки се додава брашното. Оделно се матат белките, додека не се добие убав снег. Смесата од белки се додава во претходната, малку по малку и се внимава да не и падне обемот. Кога ќе се соедини убаво се дели на 7 еднакви делови и од оваа  смеса се печат 7 слоеви торта, не подебели од 1 см. Се печат во претходно загреана рерна, околу 8-10 мин или додека да станат златно кафени.

За кремот:

220 г чоколадо
50 мл ладна вода
3 јајца
200 гр шеќер
220 г путер,исечен на коцки
1 лажица екстракт од ванила

Чоколадото се топи на пареа и оделно се матат јајцата со шеќерот. Малку по малку, се додаваат јајцата во чоколадото, кое е уште на пареа и на тивок оган се мешаат непрекинато околу 15-тина минути. Се трга смесата од огнот и додека е уште топла се додава путерот и се меша се дури не се стопи сосема. На крај додадете ја ванилата. Оставете го кремот да се олади и промешајте го со миксер, за да добие воздушност.

За карамелот:

150гр шеќер

Се топи на умерен оган се дури не се добие златен карамел. Оставете го неколку минути да се олади и потоа посипете го врз тортата.

Составување:
Еден по еден слој, намачкајте ги со филот и наредете ги еден врз друг. Совет: мачкајте ги слоевите оделно и така намачкани редете ги еден врз друг, за да не ви се сруши тортата. Последниот слој, оставете го без фил и тука сместете го карамелот.

dobos-torte

 

 

 

 

- Реклама -