Жителка на Пенсилванија останала потполно шокирана кога преку интернет месецов ја проверувала сметката за струја. Имала што да види – дека должи повеќе од 284 милијарди долари.
Запрепастената Мери Хормански (58) првично помислила дека тоа е масло на светлечките божиќни украси кои ги поставила во дворот. Веднаш го известила синот, кој потоа ја контактирал компанијата која го снабдува нивното домаќинство со електрична енергија.
Од компанијата набрзо го утврдиле проблемот – се работело за грешка, а вистинската сметка изнесувала 284.46 долари, пренесува Дејли Мејл. Хормански на крајот успеала и да се нашали, ама паралелно на синот му нарачала и апарат за мерење на срцева работа, за секој случај.