Добил 75 милиони на лотарија, 50 ги подарил

Неидентификуван добитник на 72 милиони евра на лотарија во Франција, одлучил да донира 50 милиони од добиената награда во доброотворни цели.

„Ова е неверојатен чин на дарежливост“, известуваат француските медиуми, наведувајќи дека среќниот добитник ги распределил парите на 10 невладини организации кои работат во корист на загрозените лица.

Желба на добитникот било да остане анонимен за јавноста, но сепак, медиумите откриле дека станува збор за човек во неговите 50-ти години, како и за тоа дека е слободен и дека нема деца.

Социјалните мрежи ширум Франција се преплавени со пофални зборови и восхит за овој благороден гест.

Социологот Дени Мизе изјавил дека ваков филантропски чин не можел да дојде во подобро време за Франција.

„Оваа личност ни испраќа јасна порака: успехот во животот не е во тоа колку пари ќе заработиш, туку што ќе направиш со истите“, заклучил Мизе.

- Реклама -