Добијте повик од Дедо Мраз!

 

Дедо Мраз може да ви се јави? Може да испрати гласовна порака на Google+ или да ви испрати мејл? Може да ви се јави и на вашите роднини и пријатели? Да, да, токму така. Со оваа апликација Дедо Мраз има уште една обврска – да остварува повици и да остава гласовни пораки, да напише по неколку мејлови, 24 часа на ден.

Се што треба да направите е да кликнете ТУКА и да поразговарате со Дедо Мраз неколку минути, за да можете заеднички да создадете гласовна порака за некој ваш близок пријател или роднина. Разговорот се однесува на личноста на која и ја праќате пораката и неколку информации за неа (како име, каде живее, што сака да прави, омилено јадење, прекар). Пораката можете да ја преземете и во MP3 формат.

Create-Free-Personalized-Voicemail-from-Santa-01

Најдоброто нешто е моментот кога ќе ја преслушате пораката во која се искористени сите детали кои претходно ги споделивте со Дедо Мраз. Секако, најдоброто нешто е и изразот на лицето на вашата блиска личност кога ќе ја прими пораката или ќе го прочита мејлот.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -