Доби награда за модна икона, но не се прослави со стајлингот

Пејачката доби награда за модна икона, но го утна стајлингот при врачување на наградата.

Бритни Спирс освои модно признание на доделувањето на Teen Choice наградите, кои се одржаа во Лос Анџелес.

Иако на церемонијата пристигна со фустан кој што не беше соодветен за настанот, Бритни (33) беше добитничка во категоријата „стилска икона“.

Пејачката се појави облечена со прекраток преден дел од фустанот, а во прв план го истакна нејзиното деколте, кое создава впечаток дека градите ќе и излезат во секој миг.

2B6C6E3A00000578-3201543-Family_time_The_songstress_took_along_her_two_sons_Sean_Preston_-m-26_1439851746226

На Бритни по повод наградувањето и правеа друштво нејзините синови Џејдан (8) и Шон (9), а поголемиот дел од публиката го сочинуваа деца и тинејџери, но се чини дека Бритни не се откажа од намерата да ги истакне своите атрибути.

Поп принцезата долго време се бореше со вишокот килограми, а најпосле успеа да ја доведе својата фигура до совршенство. Изгледа дека очајно сака да го покаже своето затегнато тело, па макар и на настан од овој тип, наменет за најмладата публика.

2B6C6B6100000578-3200502-image-m-36_1439779547576 2B6C70A300000578-3201543-image-m-24_1439851574403 -6c164f4505dedd73 Britney-Spears-with-her-Teen-C

- Реклама -