LG наводно испратил покани за објавувањето на нов ексклузивен телефон наречен Optimus GJ – кој е IP57 верзија на популарниот Optimus G.
Сертификатот IP57 значи дека LG Optimus GJ ќе може да издржи 30 минути под вода до еден метар длабочина.
Останатите спецификации се идентични со меѓународната верзија на одличниот смартфон Optimus G. Воопшто не е за изненадување што LG претстави водоотпорен телефон на истиот модел на телефонот Optimus G. Операторот NTT DoCoMo веќе го нуди истиот уред на јапонскиот пазар.
LG Optimus GJ треба да биде објавен на 22 мај во Тајван.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk