Доаѓа новата Nissan Micra

Новата генерација на популарниот модел Nissan Micra се тестира интензивно на Стариот континент и се очекува да дебитира во втората половина на годината. Плановите се за производство на над 80.000 автомобили во првата производствена година.

1Дизајнот на новата Micra е инспириран од оној на концептот Nissan Sway, прикажан за време на автосалонот во Женева, минатата година. Линиите на автомобилот се мазни, но со остри црти на краевите, покривот е со купеовски пад назад, постои спојлер одзади, а рачките на вратите се интегрирани во задните С-носачи. Новата Nissan Micra ја користи глобалната платформа CMF на Алијансата Renault-Nissan.

2– Сметам дека треба да „нападнеме“ поагресивно на ова поле, поради се по исклучително жестоката конкуренција. Затоа ни е потребен добро одмерен глобален модел, максимално адаптиран за локалните услови. Чисто глобален модел нема шанси и ние треба да сме сигурни дека сме конкурентни таму каде што сакаме да бидеме на врвот, истакна директорот на производно планирање на Nissan, Филип Клеј, кој додаде дека новиот автомобил е и новото оружје на брендот во сегментот на субкомпактите, каде компанијата очекува силен настап.

3

Моделот ќе се прави во фабриката на Renault во Флен, крај Париз, која во моментов ги произведува моделите Clio и Zoe.

Автоплус

- Реклама -