До среда снег, потоа лизгалиште …

Утре се очекуваат повремени врнежи од слаб снег, особено во западните и југозападните региони на земјата.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а утринските температури ќе бидат под нулата насекаде.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, стабилно и студено време ќе продолжи во следните денови, со уште пониски утрински температури, кои ќе достигнат и под -10 степени на некои места. Од средината на неделата се прогнозира појава на утринска магла.

- Реклама -