До шахот ли ви дојде?

Еден од највлијателните верски духовници во Саудиска Арабија го забрани шахот. Според него, овој спорт требал да е забранет за муслиманите, бидејќи бил “губење на време”, а освен тоа промовирал и коцкање.

6ah2

Главниот муфтија Абдул Азиз бин Абдула издаде фатва поради одржувањето на важен шаховски турнир во Мека денес. Според него Шахот е “можност да се трошат пари” и спаѓа во категоријата на коцкање, што е забрането во Куранот. Тој додава:

“Играњето шах е губење на време …Шахот предизвикува непријателство и омраза меѓу луѓето.”

Абдула издава фатва за време на своето неделно телевизиско шоу по прашање од гледач.

Муслиманите често ги следат личните религиозни насоки дадени од високи свештеници, но тие не се законски обврзани. Организаторите на шаховскиот турнир изјавија дека натпреварот ќе се одржи и покрај фатвата на духовникот.

Според еден од најголемите шахисти во историјата на Велика Британија – Најџел Шорт, евентуалната забрана на шахот во Саудиска Арабија ќе биде “голема трагедија.”

Тој наведува дека спортот на мозокот не претставува никаква “закана за општеството”.

Во 1979 година Шахот беше забранет во Иран, кој го квалификуваше како коцкање, но во 1988 година забраната беше симната.

- Реклама -