На денешен ден пред 46 години е роден фронтменот на групата „Nirvana“, Курт Кобејн. По тој повод, магазинот „Rolling Stone“ објави до сега невидени фотографии од славниот музичар кој почина на 27-годишна возраст, на 5. април, 1994 година.
Кобејн пишувал на се што му било при рака, вклучувајќи ја и неговата скршена гитара.
Курт Кобејн и неговата сопруга Кортни Лав биле колекционери на кутии во форма на срце, а до 1994 година тие имале собрано десетици.
Ова е една од омилените фотографии на Кортни. Направена е во 1993 година во нивниот дом во Сиетл.
Курт во дневната соба во неговиот дом во Лос Анџелес направена во 1992 година.
Неговата лична колекција касети.
Вилијам С. Бароус и Курт во домот на Бароус во Канзас. Курт подоцна ќе изјави дека најмногу разговарале за „Leadbelly“.
На почетоците на Нирвана, Курт Кобејн постојано на настапите свирел гитара легнат на грб. Подоцна кога групата стана позната немаше потреба од овој перформанс на Кобејн, но тој и понатаму продолжи да го изведува.
Фотографија од Кобејн на која носи блуза од Pop Underground Festival, а во рацете го држи неговото маче Спина Бифида. Нирвана не свиреше на фестивалот во нивното родно место, означувајќи го крајот на врската на Кобејн со локалната сцена.
Како што Нирвана станува пославна, Курт имал се помалку време да пишува во неговиот дневник.
Курт во Јапонија
За неговиот осми роденден во 1975 година од неговите баба и дедо добил прибор за цртање. Тој најмногу сакал да ги црта ликовите од стриповите. Почнал од јунаците на Дизни, но брзо преминал на суперхероите.
Курт на двегодишна возраст.
Курт на петмесечна возраст со неговиот татко Дон, во јули, 1967 година. На фотографијата пишувало „Курт првпат управува со кола“.
Во неговата шестгодишна професионална кариера направени се илјадници фотографии, но на Курт не му се допаѓале голем дел од нив. Оваа фотографија е една од ретките што му се допаднала, а е снимена во 1992 година во Сиетл.