До крајот на 2015 година, Канада има намера да донесе на својата територија 25 илјади бегалци од Сирија, објави министерот за прашањата за државјанство и имиграција Џон Маккелен, пренесоа агенциите.
Либералната влада на премиерот Џастин Трудо што беше формирана на 4 ноември веќе започна со работа и има намера да ги исполни ветувањата дадени пред гласачите за време на предизборната кампања.
Министерот изјави дека прифаќањето на 25 илјади бегалци е “цел на канадските власти”. “Мислам дека ќе добиеме поддршка од земјата за да го постигнеме ветеното”, рече Маккелен.