Последниот рок за избор на снабдувач со струја за домаќинствата е 15 ноември. До тогаш ќе треба да имате потпишан договор со компанијата што ќе ја избрете да ве снабдува со струја.
Ако после рокот не донесете одлука, ќе добивате струја од регулираниот пазар на електрична енергија од „снабдувачот во краен случај“, кој во земјава е ЕВН Македонија.
Граѓаните можат да изберат да ги снабдува со струја ЕВН, или еден од лиценцираните снабдувачи со електрична енергија во земјава.
Листата ја има на веб-сајтот на Регулаторната комисија за енергетика.