Кралот на попот е повторно жив! Па, речиси – американската компанија My DNK Fragrance вели дека од ДНК-та од косата на мртвиот музичар направиле парфем. Новиот мирис има име Мајкл Џексон и е само еден од парфемите направени од генетскиот материјал на познатите личности.

Произведувачот на парфеми од Лос Анџелес My DNK Fragrance ги здружи силите со Џон Резникоф, колекционер на коса од познатите, за да направи парфеми со мирисот на нивната ДНК. Компанијата направи парфеми на познатите личности како Мерлин Монро, Наполеон Бонапарта и кралот Едвард IV. Најпродаван е мирисот Елвис Присли, а оној од ДНК-та од Мајкл Џексон исто така добро се продава. Тој е со особено интензивен мирис, пишува The Economic Times.
„Користиме генетска формула за да го креираме мирисот. Доколку на себе го ставате Мајкл Џексон, ставате парфем кој е апсолутно единствен. Исто така, користевме состојки од алое вера за парфемот едноставно да не испари, така мирисот останува на кожата по цел ден,“ изјави претседателот на компанијата Карлтон Енох.
Компанијата ги анализираше ДНК примероците скоро од сите познати личности чии примероци од косата ги поседува Резникоф и најави наскоро претставување на цела линија од парфеми направени според мирисот на славните личности.
Колку се овие парфеми уникатни зборува и фактот дека Семјуел Џексон ја контактираше фирмата со желба да му направат парфем според неговата ДНК.