Почивка по разводот: Џесика Алба се фокусира на себе
Откако стави крај на својот брак со продуцентот Кеш Ворен, актерката Џесика Алба одлучи да се посвети на себе и да ужива во паузата од сè. Според нејзините објави на социјалните мрежи, Алба моментално се наоѓа на сончеви краишта, каде што позира во бикини покрај базенот.
На снимките што ги сподели на својот Инстаграм профил, Џесика се појавува во минијатурно бикини, комбинирано со шешир и наочари за сонце. Исто така, на една од фотографиите таа е облечена во едноделен костим за капење со леопардски принт, позирајќи во луксузен спа-центар. Во описот на објавата, таа сподели: „Фокусирана на мир, дишење, пријателство и грижа за себе“.
Нејзиниот одмор доаѓа само неколку недели по разводот со продуцентот Кеш Ворен, со кого беше во брак од 2008 година. Двојката има три деца и се разбрана за заедничко старателство, поради, како што велат, „непомирливи разлики“.