Славната глумица Џејн Фонда изјавила дека дури на 74-годишна возраст научила да ужива во сексот и во интимните моменти со партнерот.
Актерката која досега три пати беше во брак, вели дека со својот актуелен партнер, 70-годишниот музички продуцент Ричард Пери, конечно открила што точно сака и што може да добие во спалната соба.
– Кога пред две ипол години го оперирав коленото, конечно ја пронајдов љубовта. Неговото име е Ричард, тој има 70 години и работи како музички продуцент – рекла Фонда и додала дека користела патерици во времето во кое се вселила во заедничката куќа со Пери.
Таа нагласила дека нејзиниот најголем проблем е тоа што не знаела што е вистинска интимност, а навистина сакала да го дознае тоа пред да умре. Продолжила велејќи дека, додека води љубов со Ричард, таа умее да види каков бил тој и пред 30 години.
– Никогаш немав толку исполнет сексуален живот како сега, и тоа во 74 година од животот – без влакна на јазикот открила глумицата.
За проблемите со мажите во минатото, Џејн го обвинила својот татко.
{youtube}88EKu4NulgQ{/youtube}