Во 1964 година, во рамките на Светскиот саем во Њујорк, Волт Дизни откри роботска фигура на претседателот Линколн. Публиката беше воодушевена од технолошкиот развој на студиото Дизни, ама и воопшто.
Шоу турнеите низ САД беа толку популарни, што тоа ги постави основите на еден тренд што трае до ден денес – „Hall of Presidents“.
Халата со роботски фигури на претседатели се наоѓа во Magic Kingdom во Орландо, а од вчера има нов „експонат“ – робот на Доналд Трамп.
Луѓето не се задоволни. Не затоа што не го сакаат Трамп (океј, малку и за тоа), туку зашто роботот е како најужасна можна верзија на 45-от американски претседател.
На Интернет се зезаат дека повеќе личи на Хилари Клинтон во одело на Трамп, отколку на самиот Трамп.
Туку, ајде ние да видиме до каде е технолошкиот развој на Дизни.