Дизелскиот предводник – BMW X5 M50d

BMW ги откри деталите за најмоќната дизелска верзија на новата генерација X5, чија премиера ќе се одржи во Франкфурт. Станува збор за познатата и од старата генерација, верзијата M50d.

366_BMW-X5-M50d-470-4

Новиот модел со 3.0-литарскиот три-турбо дизелски мотор со шест цилиндри ги покрива нормите Еуро 6. Моќноста му е 381 КЅ и вртежен момен од 740 Nm. Погонот е на сите четири тркала – xDrive, а преносот е автоматски со 8 степен менувач. Ова овозможува забрзување од место до 100 km/h за само 5,3 секунди. Во исто време, потрошувачката на гориво е 6.7 l/100 km,a CO2 емисиите се 117 g/km, што е за 10% подобар перформанс од постарата генерација на моделот.

787_BMW-X5-M50d-470-2

Моделот на сликите e со ниво на опременост M Performance, со адаптивна М-суспензија, систем Dynamic Damper Control и воздушно потпирањена задната оска. Тркалата се со големина 19 инчи, исто од M-серијата на BMW.

790_BMW-X5-M50d-470-3

Продажбата во Европа на најмоќната дизелска верзија на новата генерација BMW X5 ќе стартуваат на 16 ноември. Цените и сите други детали ќе бидат откриени во Франкфурт.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -