Ова не е уште една фантастична приказна во која е откриен нов вундеркид, но според познавачите на оперативниот систем на Apple дизајнот наликува како да го правело некое дете.
Реакциите за новиот дизајн на iOs 7 се навистина поделени, за едно ова е најголемата револуција која ја вовел Apple, додека за други е вистински дебакл и аматерски потег. Еден од најверните корисници, експерт за Jailbreak отиде предалеку со критиките, па дури препорачува луѓето да се префрлат на Android.
Дел од експертите кои имаат можност да ја тестираат првичната верзија на iOs 7 критикуваат дека системот е полн со багови, многу грешки во интерфејсот кој често паѓа и е очаен во делот на батеријата. Според нив iOs 7 немало потреба да го имитира интерфејсот и функциите на Android и наместо тоа требало да излезат со сопствени иновации, а не со аматерска копија.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk