Симбол за враќање на Alfa Romeo во големиот автомобилски бизнис стана моделот 4С прикажан оваа пролет на салонот во Женева. Италијанците сепак типуваат на друг автомобил кој треба да го повлече брендот нагоре и да стане негов предводник – седанот Giulia.
Италијанците веруваат дека моделот со 4 врати ќе го наследи седанот Alfa Romeo 159, а во основата ќе биде платформата на хечбекот Giulietta. Возилото требаше да се појави на пазарот уште во 2012 година, но неговото пуштање беше одложувано неколку пати. Причина за тоа е токму дизајнот на Giulia.
-Најсложената задача со која се соочуваме е да создадеме вистински дизајн на Giulia – признава главниот дизајнер на Fiat и Chrysler, Лоренцо Рамачоти. -Првично моделот беше креиран според барањата на клиентите во Европа, но откако одлучивме дека Alfa Romeo Giulia ќе се продава во целиот свет, нашите планови се променија.
Засега очекувањата се моделот да дебитира на пазарот следната година, но овие рокови не се официјално потврдени. Италијанците прецизираа дека целиот проект се проценува од страна на раководството на Fiat како -премногу ризичен!
Според прелиминарните податоци Giulia ќе биде помоќен од Giulietta, најверојатно ќе добие мотор со моќност од 240 КЅ од 4С. Во основната верзија сепак коњите ќе бидат помалку. Ќе има и набилдана модификација со над 300 КЅ.
Teкстот е објавен во соработка со avtoplus.mk