“Дизајнирани вагини” се нов хит

_designer-2_ppСе поголема е бројката на жени во Британија кои одат на козметичка
хирургија на гениталиите на сметка на здравствениот фонд, велат
докторите.


_designer-2Се поголема е бројката на жени во Британија кои одат на козметичка хирургија на гениталиите на сметка на здравствениот фонд, велат докторите.

Британскиот медицински журнал објави дека бројот на зафати за намалување на срамните усни што биле изведени во државните болници во последните пет години се зголемил на 800 годишно.

"Се повеќе жени не се задоволни со обликот, големината или пропорциите на срамните усни", пишуваат Ли Меи Лиоа и Сара Крегтон од Институтот за женско здравје "Елизабет Гарет" во Лондон. Статиите во женските списанија за "дизајнирани вагини", зголемената популарност на козметичката хирургија и рекламите на приватните клиники на Интернетот го зголемуваат интересот.

Авторите на текстот велат дека жените сакаат хируршки корекции под влијание на идеализираниот изглед на гениталиите во порнографијата и на сајтовите за приватна генитопластика. Лиао вели дека пред државните болници да почнале да ја нудат хируршката постапка, требало да се спроведат истражувања дали ваквите зафати имаат долготрајни ефекти за пациентките.

виа.

- Реклама -