Дизајнерот што ги истрола еврото и Европска Унија

Во 2002, Европската централна банка воведе седум нови банкноти (евра) за употреба во Унијата. На позадината на секоја од нив имаше слика од мост. Според ЕЦБ, идејата зад мостовите била да ја илустрираат тесната соработка и комуникација меѓу Европа и остатокот од светот генерално, но најважно и пред сé, меѓу европските држави. Од друга страна, ниту еден од овие мостови не постоеше.

euro%205%20reverse[1]

Одлуката да се стават замислени и непостоечки мостови на банкнотите беше донесена откако стана очигледно дека е невозможно да се сместат архитектонските знаменитости на 12-те земји членки на Европската Унија (Еврото ги замени националните банкноти во 12 земји), со оглед дека имаше само седум банкноти. Загрижени дека изоставувањето на било која од членките може да биде сфатено како навреда, Европскиот монетарен институт одлучи да искористи фиктивни мостови, кои наместо секоја членка посебно, ги претставуваа различните стилови и периоди на Европа.

Така, австрискиот дизајнер Роберт Калина доби задача да креира седум различни мостови, кои ќе претставуваат различни периоди: барок, класика, готика, римски, рококо, модерен 20 век, како и железна и стаклена архитектура.

bridges-of-spijkenisse-66[1]

Калина си ја заврши задачата, и тоа добро, и сите беа среќни и задоволни, барем до 2011-тата.

Тогаш се најде едно холандско гратче што реши да ги изгради мостовите што беа насликани на еврата, и со тоа ги присвои сите имагинарни мостови на банкнотите – за Холандија.

Мастермајндот зад идејата беше дизајнерот Робин Стам, кој ја предложи на Ротердамскиот градски совет, која пак инстантно ја прифати и веднаш внесе ентузијазам во поддржување на проектот. Гратчето наречено Спијкенисе (Spijkenisse), во предградието на Ротердам, беше избрано за локацијата каде што ќе бидат изградени мостовите.

bridges-of-spijkenisse-22[1]Со помошта на мал тим од инженери и дизајнери, Стам ги изгради мостовите така што да се максимално верни на сликите на Евро банкнотите. Дури и ги обои во истите светли нијанси со кои се испечатени на парите.

bridges-of-spijkenisse-156[1]

За волја на вистината, мостовите изгледаат како Скопје 2014 на есид, ама и самиот Стам признава дека многумина мислат дека се грди. Сепак, сите се согласуваат дека идејата да се изградат мостовите на еврата и да се украдат сите асоцијации околу нив – е смешна, а меѓу тие се и официјалните лица од Европската централна банка, а и самиот Роберт Калина – оригиналниот австриски дизајнер зад еврата.

bridges-of-spijkenisse-72[1]

„Тоа е многу хумористична идеја“, рече Калина за Spiegel Online. „Сепак, би сакал да ги видев изградени во вистинските стари стилови на мостовите според кои беа моделирани, наместо со кичеста фасада“ (што ќе беше ептен досадно).

Kunstprojekt "The Bridges of Europe", Spijkenisse, Niederlande

bridges-of-spijkenisse-142 bridges-of-spijkenisse-132 bridges-of-spijkenisse-122 bridges-of-spijkenisse-112 bridges-of-spijkenisse-92 bridges-of-spijkenisse-82 bridges-of-spijkenisse-32

- Реклама -