Еден бренд наиде на остри критики од модниот свет поради плус – сајз моделите, облечени во тесна облека.
Rum+Coke е нов бренд на креаторката Кортни Смит од Њујорк која лансираше провокативна кампања со плус – сајз модели.
„Жените се прекрасни во било кое пакување“, гласи мотото на кампањата.
Кортни изјави дека и пречи што во сите рекламни кампањи се појавуваат слаби модели, па сакала да ги разбие предрасудите, така што во нејзината кампања ќе се најдат полнички афроамериканки.
„Премногу жени личат една на друга“, вели Кортни и додава дека верува во разноликоста на женската убавина.
Иако таа истакнува дека нејзината облека е наменета за жени со самодоверба, модните критичари сметаат дека е невкусно крупни жени да се прикажуваат во фустани кои што во никој случај не одговараат на нивната конструкција.
Што мислите вие?