„Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето диво месо да го земеме како рецепт. Значи, јас читам сега диво месо, а вие слушајте дивоградби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека. Месото мора да се откорне со нокти а раната да се изгори со жар“, рече Поповски на отворањето на Охридско лето. (Фото: Министерство за култура)
Режисерот со светско реноме и селектор на драмската програма на Охридско лето Александар Поповски, синоќа го отвори 59. издание на најголемиот летен фестивал во земјава со барање да се отстранат дивоградбите во Охрид, нарекувајќи ги „диво месо“.
Емотивното обраќање на Поповски беше писмо до големиот, неодамна починат македонски драматург Горан Стефановски, а исто така и во контекст на последните барања од УНЕСКО да се отстранат дивоградбите кои му го загрозуваат статусот на Охрид како заштитено светско културно и природно наследство.
Целата статија на СДК.МК