Три диви зајци, „благодарение на својата снаодливост“, како што пишуваат дел од светските медиуми (ни би го пишале: благодарение на својот инстинкт за преживување) успеале да ја преживеат поплавата во Нов Зеланд јавајќи на нивните повисоки батковци – овците.
Снимката ја начекал Ферг Хорн (64), кога се упатил кон комшиската фарма за да ги истера 40-те овци на соседот на суво. Затекнал три диви зајци, два качени на една овца, и еден на друга. Додека ги терал овците и овие скокале низ водата, зајците морале цврсто да се држат за нивната волна, раскажува Хорн.
Откако спасувањето било комплетирано, зајците избегале во дивината.
Човек учи додека е жив…