Директорот на ЦИА позитивен на ковид ден по средбата со Бајден

Вашингтон, 31 март 2022 (МИА) Директорот на ЦИА – Вилијам Брнс, е позитивен на денешниот тест за Ковид-19, еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција.

Сепак, на состанокот со Бајден, Брнс носел маска N-95 и одржувал физичко растојание, потенцираат од агенцијата.

„Нивната интеракција не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ, а директорот Брнс ја сподели информацијата за неговиот позитивен тест поради транспарентност“, се вели во соопштението.

65-годишниот Брнс е вакциниран со три дози против ковид-19.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи
- Реклама -