Несекојдневна случка денес во СУГС „Владо Тасевски“. Директорот на училиштето – Александар Сибиновски, им приреди пријатно изненадување на најмладите и тоа го сподели на својот Фејсбук профил. Тој годинава се преправи во Дедо Мраз и на децата им делеше пакетчиња.
„Настанот беше вистинско доживување за децата, бидејќи пакетчињата им ги подари лично Дедо Мраз“, изјави тој за 365.com.mk, додавајќи дека задоволството било обострано.
„Желбата да израдуваш некое дете е голема, а неговата насмевка кажува сѐ. Така беше и во нашето училиште, а новогодишната атмосфера ја почувствуваа сите вработени“, ни рече Сибиновски.
Тој им ја честита Новата Година на сите, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во 2022 година.